
Вечерва ќе се осветуваат на темелите за камбанарија во храмот „Св. Наум Охридски“ во нас. Стар Караорман
Свечена вечерна богослужба ќе почне во 18:00 часот, а на истата ќе Чиноначалствува Митрополитот Брегалнички, г. Иларион. По завршувањето на богослужбата, ќе следи овој важен церемонијален чин – осветување на темелите за камбанарија при храмот.
Овој чин на осветување е значајна прекретница за храмот и за целата заедница, бидејќи означува почеток на важен проект што ќе го збогати духовниот живот во Стар Караорман. Осветувањето на темелите е исто така и потврда за посветеноста на верниците и локалната заедница во обновата на храмот.
Црковниот одбор на храмот „Св. Наум Охридски“ ги поканува сите жители и верници да присуствуваат на овој важен настан и да бидат дел од празничниот момент.
Иван Митев, М-Нет