Месец јули стартува разочарувачки за пензионерите, пониско се живее и покрај покачените пензии

Пензионерите се разочарани на самиот старт на месец јули, пониско живеат и покрај покачената пензија во март. Сега се жалат дека не можат да ги покрија основните трошоци, високите цени во маркет на прв удар врз нивниот џеб, а потоа виоските цени на лекарствата, без кои неможат да функционираат во секојдневието.

Доколку не беа покачени пензиите во септември и во март оваа година, тогаш ќе беше по тешко додаваат пензионерите. Истакнаа дека ако продолжи растот на цените, тогаш нема да се издржи.

На крајот, она што останува како прашање е дали трговците ќе ги намалат цените и дали ќе бидат достапни за граѓаните. Важен е моментот на ефикасност во намалувањето на трошоците, за да се обезбеди нормален животен стандард на сите категории граѓани, а особено на пензионерите кои се најпогодени од растот на цените.

Иван Митев, М-Нет