Заврши вториот уписен рок во средните училишта во Штип, бројката и оваа година голема

Успешно завршен вториот уписен рок во сите средни училишта во Штип. Според податоците од училиштата, најмногу се истакнуваат СОУ „Коле Нехтенин“ и Средното медицинско училиште „Јане Сандански“, кои имаат висок број на запишани ученици оваа година. Како што истакна Јованка Шалева, директорката на средното стручно училиште Коле Нехтенин, оваа година стартот на новата учебна година ќе започне со над 200 ученика. Рече дека има уште неколку слободни места, за оние кои што се уште не одлучиле каде ќе го продолжат своето образование.

,,По завршување на второто пријавување од јунскиот уписен рок, со задоволство можам да кажам дека имавме успешни уписи, така што и оваа година во континуитет запишавме голем број на ученици. Очекувам од септември ќе имаме една успешна година. Вкупниот број на пријавени-запишани ученици е точно 200, со тоа што ги оформуваме, сите осум класа и се надеваме дека во третиот уписен рок ќе имаме место да дополниме со уште некој ученик. Со оглед на големиот број на пријавени ученици, можам да кажам дека ни останаа уште неколку места во тригодишното образование во сектор машинство, и по некое место во други два профила во машинската струка.“, рече Шалева

Дека бројот на ученици е доста голем и во средното медицинско училиште Јане Сандаснки, согласна е директорката Марија Николиќ, рече дека и тие од септември ќе започнат со полни училници. Со задоволителна бројка оваа година е и средното текстилно училиште Димитар Мирасчиев.

Инаку, за оние кои ученици кои што не успеале да се запишат до сега или не одлучиле, ќе има и трет упис, кои што ќе биде на 21 август. Од училиштата топло ги поканија сите ученици кои што се уште не одлучиле.

Иван Митев, М-Нет