
Штипските пензионери се задоволни од доставата на огревни дрва во последните години, иако пред некое време имаше и поплаки за количината и квалитетот. Сепак, според зборовите на Трајче Зејтеников, благајник на здружението на пензионери, во последните години проблемите се значително намалени, а пензионерите воопшто не изразуваат сериозни незадоволства. Истакна дека, во доставата има веројатност да се случи
,,Од повеќе добавувачи зимаме. Од радовишка страна, Штипска, пред две години имавме дури од Куманово. Мислам дека овие две години сечата е секаде од Берово. Таму е сечата, од таму ги донесуваат дрвата. Последните три години дрвата се мерат на камионот, таму се убаво набиени, но има примедби, не биле толку , но тоа зависи од редењето на дрвата. На камионот кога се мерат, кога се истоварат, не би требало да има проблем, секогаш треба да се толку, колку што нарачале граѓаните. Едино ако некое дрво не остане фрлено од камионот.“, рече Зејтеников
,,Некој помалку се жалат за дрвата, дека биле тенки или пак некој не сака многу големи. Ма да за ова нема толку поплаќи, a се надевам дека така и ќе остане.“, додава Зејтеников
Пензионерите за М-Нет телевизија истакнаа дека за разлика од порано, сега доставата на дрва е подобра. Велат дека во последните години се е регуларно
Во целина, пензионерите од Штип се задоволни од актуелната услуга за доставување на огревни дрва. Поплаките од минатото се значително намалени и во последните години, процесот е значително подобрен. Иако постојат малку разлики во големината на дрвата, нема значителни проблеми и доставата на огрев се врши редовно и точно. Пензионерите можат да се надеваат дека во иднина ќе продолжат да добиваат квалитетни дрва, како што се очекува.
Иван Митев, М-Нет