
Почнаа активностите за припрема за асфалтирање на улицата „Анте Банина“ во нас. Сењак 4 во Штип. Ова е дел од големиот инфраструктурен проект на кој претходно е работеше на замена на старата и дотраена водоводна линија. Градоначалникот Иван Јорданов, истакна дека според планот, денес улицата се очекува да биде финално изасфалтирана
,,Денешните активности кои се одвиваат во нас. Сењак 4. Денес очекувам да се завршат активности за асфалтирање на потегот на ул Анте Банина, главната сообраќајница, која што ги поврзува населба Сењак 4 со населба Баби, на која што претходно се работеше на промена на главна водоводна линија и за ради која што имавме активности преку ЈП Исар во изминатите недели. Практично сењак 4 се преклучи со нова водоводна линија, заменувајќи ја старата дотраена цефка, која што создаваше проблеми и на сообраќајницата, но и кај граѓаните.“, рече Јорданов
Од утре ќе се влезе и со активности за партерно уредување на сите влезови на станбените згради во оваа населба, рече Јорданов. Тој останува дециден дека и оваа населба ќе добие целосна обнова.
Со завршувањето на овие активности, жителите на Сењак 4 ќе добијат подобар и поефикасен систем за водоснабдување, како и безбедна и обновена улица за непречено движење. Оваа инвестиција директно го подобрува квалитетот на нивниот секојдневен живот и ја зголемува функционалноста на инфраструктурата во населбата. Oпштината и понатаму продолжува со своите активности.
Иван Митев, М-Нет