
Од следната година, уписот во средните училишта ќе се олесни и забрза преку новата електронска платформа. Како што соопшти министерката за образование и наука, Весна Јаневска, откако учениците електронски ќе се пријават, сите сведетелства автоматски ќе бидат повлечени преку платформата за да се провери нивниот успех. Со оваа новина, Јаневска истакна дека децата и родителите повеќе нема да имаат потреба од свидетелства во раце.
,,На учениците од прво до деветто одделение свидетелствата не им се потребни, потребно им е сведителството од деветто за да пристапат на упис кон средните. Но, средните училишта ги бараат и останатите свидетелства и ние велиме и годинава можеме тоа да го направиме, но ќе го правиме од следната година. Средното училиште откако електронски ќе се пријават учениците, по електронски пат ќе си ги повлече сите свидителства за да го провери успехот или било што да им е потребно според нивните критериуми. Така да дефактот, децата и родителите немаат потреба да го зимаат свидетелството во раце, освен што можеби еве тоа е начин некако социјално да се дружат, да се пофалат, да се израдуваат, па некој и да се разочараат за да вложат повеќе труд.“, рече Јаневска
За оние што ќе сакаат да го продолжат своето образование во странство, ќе може да ги повлечат свидетелство од деветто или диплома од четврти клас за да се запишат на некој странски универзитет.
Со ваквите новитете, министерката Јаневска , очекува над 90 проценти идната година ќе може да се заврши електронски. Истакна дека системот е спремен и оваа година тоа да го прави.
Иван Митев, М-Нет