,,Криво нека седат, право нека судат“ – родителите во Кочани со апел до судиите

И по три и пол месеци од кобната ноќ, која зеде 62 животи во Кочани – плач, лелк и неизмерка болка. Родителите скршени од болак и оваа сабота маршираа по 12 пат за своите чеда. Во таа немост, чекор по чекот, секоја солза зборуваше повеќе од илјада зборови. Особено тешко е за мајките – нивната болка е глас што не молчи, крик што одекнува и денес, и утре, и засекогаш.

Родителите на настраданите и понатаму бараат одговорност од институциите, велат за правдата ќе одат до крај.

Инаку, во саботата маршот за ангелите се одржа по 12 пат, а на истиот присуствуваа сите родители на настраданите, како и сите нивни блиски роднини, пријатели и сограѓани.

Иван Митев, М-Нет