
Започна изградбата на новата катна гаража на три нивоа, која ќе понуди 50 нови паркинг позиции во Штип. Овој проект ќе донесе решение за недостигот од паркинг простори во најфреквентниот дел од градот. Како што соопшти градоначалникот Иван Јорданов, нешто повеќе од 20 милиони денари се издвоени за ваквата инвестиција, која што ќе биде од голема важност за граѓаните.
,,Се наоѓаме на градилиштето каде што се изведуваат активности за изградба на катна гаража во централното градско подрачје. Станува збор за нова паркинг површина на три нивоа. Катна гаража веднаш до познатото место за штипјани зграда ,,Промаја“ . Имајќи во предвид дека овде збиено место со тесна конфигурација секогаш во минатото најголем проблем е било паркирањето на возилата, кои што се потреба на жителите, но и на граѓаните кои што ги користат угостителските, деловните објкети наоколу, станбение згради, одлучивме да влеземе во една ваква инвестиција, нешто повеќе од 20 милиони денари, ќе овозможи да се изгради катната гаража на три нивоа, обезбедувајќи некаде околу 50 паркинг позиции.“, рече Јорданов
Со овој проект, Јорданов останува дециден дека значително ќе се подобри сосотојбата со паркирањето на овој дел од градот. Динамиката ќе заврши до крајот на летото, додаваа тој.
Со изградбата на оваа катна гаража, Штип не само што ќе добие повеќе паркинг места, туку и поуреден градски центар со полесен пристап за сите граѓани. Работите се веќе во полн ек, а од Општината најавуваат дека гаражата ќе биде готовa до крајот на летото.
Иван Митев, М-Нет