Струга ТЛ ја прекина соработката со Стефан Спировски

Струга Трим Лум објави дека денеска ја раскина соработката со 34-годишниот играч од средниот ред, Стефан Спировски.

Стефан Спировски нема да ги брани боите на Струга Трим Лум во новата сезона. За време на денешниот состанок помеѓу спортски директор и фудбалерот, беше постигнат договор за предвремен раскин на соработката.

Спировски имаше договор со Струга Трим Лум за следната сезона, но по разговорот страните меѓусебно се согласија за раскинување на договорот.

Спировски се приклучи на тимот на Струга Трим Лум во јули минатата година, како засилување за европските натпревари, каде што успеа да го постигне тој супер гол против Пјуник, додека постигна уште еден гол во првенството, каде што запиша и 4 асистенции на 27 натпревари.

Клубот му се заблагодари на Спировски и му посакува многу успех во кариерата.