
Детското одморалите „Малешево“ во Берово во очајна и катастрофална состојба. Некогашните екскурзии во природа веќе ги нема, бидејќи подолг временски период детското одморалиште е оставено на забот на времето да се распаѓа. Градоначалникот, Звонко Пеќевски, истакна дека подолго врме се иницира за да се изнајде решение, но потребно е согласност од Влада. Додава дека побарале одморалиштето да биде предадено на општината ама и тоа не се сучило.
„И двете се во очајна состојба, ние како општина подолго време за истите иницираме да се изнајде решение. Во минатото имаше постапка за издавање на долгорочен закуп, според нашите информации истиот е поништен, со ревизија е утврдено дека има пропусти во постапката и дека ќе се повтори. Но, немаше никаква активност. Ова е грда слика за нашиот туристички бисер Беровско Езеро каде овој објект секојдневно се распаѓа и имотот целиот е обраснат и е грдо“ – вели Пеќевски.
Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади вели дека е побарано да се направи проценка за ова одморалиште, како и за останатите пет на ниво на државата со цел да не се распаѓаат и да бидат корисни како претходно.
„Се работи за шест вакви објекти низ Македонија, меѓу кои и беровското одморалиште. Веќе е побарано од Бирото за проценка да направат проценка и потоа следи процедура односно информација до Владата за да се донесе конкретна одлука за секое поединечно како да се решат проблемите.“ – вели Велковски.
Во детското одморалиште “Малешево“ во Берово деца нема од 2006 година. Целиот овој период одморалиштето пропаѓа. После осум години, во 2014 државата го огласи за продажба. Одморалиштето со 4000 метри квадратни имаше почетна цена од 515 илјади евра, но и покрај големиот интерес од страна на инвеститорите, не беше постигната почетната цена. Во 2023 година Општина Берово побара од Министерството за труд и социјална политика да го добие “Малешево“ во своја надлежност, да го обнови и да го стави во фукнкција објектот, но барањето беше одбиено.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет