
Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 денес го промовираше Иван Чупиќ за нов тренер, кој доаѓа како наследник на Аргентинецот Гиљермо Милано.
Чупиќ е поранешен ракометар, Хрватот беше дел од златната генерација на Вардар која двапати стана европски шампион.
Чупиќ замина како играчка легенда на Вардар, а сега се враќа како тренер во обид за нови големи успеси.
Хрватот и Вардар се договорија на соработка од две години, а Чупиќ во неговата досегашна кариера го водеше само Метковиќ, кој е негов матичен клуб, а со кој избори опстанок во Првата лига на Хрватска.
39-годишниот Чупиќ сега ќе има за цел да ја врати шампионската титула во следната сезона, но и да ја одбрани Куп-титулата.
До тренерската промена во Вардар дојде откако скопскиот клуб загуби од шампионот Еурофарм Пелистер во последното коло што значеше одбрана на титулата за битолскиот клуб, а пак Вардар остана без титула, а тоа значеше и разделба на Вардар со Милано, а промоција на Чупиќ за нов тренер.
Александар Ванев, М-Нет