Втората лига ќе биде полна со предизвици особено за опстанок – екипите засега пасивни кога се во прашања засилувањата!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Летниот преоден рок во македонскиот фудбал беше отворен на 15 јуни, но засега само Охрид и Шкендија Арачиново од Втората лига промовираат нови засилувања и објавија со кои играчи е продолжена соработката, останатите пасивни барем кога е во прашање промоцијата, дел од второлигашите според нашите информации веќе работат на градењето на ростерот за новата сезона која ќе биде полна со предизвици кога е во прашање опстанокот.

Шкендија Арачиново речиси го задржа констурот на тимот од претходната сезона, а притоа беа претставени неколку засилувања за што веќе информиравме, додека пак Охрид кој веќе има договорено неколку квалитетни засилувања според нашите информации, засега ги промовираше голманот Дамјан Серафимов кој се враќа на голот на Охрид и Димитриј Попоски, кои во пакет доаѓаат од редовите на Брегалница, а во следните денови ќе бидат претставени уште неколку квалитетни засилувања.

Амбициите на Охрид се влез во Прва лига за што клубот тоа и го потврдува.

Останатите клубови засега немаат ништо официјално промовирано, но поголем дел од нив веќе работат на потенцијални засилувања и се очекува во следниот период да бидат објавени засилувања и во останатите второлигаши.

Предизвикот ќе биде голем, затоа што пет екипи ќе испаднат директно, а три ќе играат бараж за опстанок во Втората македонска фудбалска лига, а ваквото драстично испаѓање доаѓа поради крањето на лигата од 16 на 14 екипи.

Токму затоа екипите ќе треба интензивно да работат на засилувања со цел да мож да ја остварат својата цел, бидејќи многу фаворити за влез во Прва лига нема, поголем дел ќе целат кон директен опстанок. Охрид и Беласица имаат амбиции за Прва лига, Шкендија Арачиново гради тим со кој сигурно ќе се наметне како тим кој ќе цели кон местата кои водат кон елитата. Останува да видиме што ќе донесе следниот период од трансфер пазарот во Македонија кај останатите второлигаши и како истите ќе се засилуваат.

Александар Ванев, М-Нет