Двајца пожарникари се вработија ама еден замина во пензија, ТППЕ Кочани работи со 17 пожарникари и возила од осумдесетите години

Ситуацијата со пожарникарите во ТППЕ Кочани и понатаму аларамнтна. И покрај тоа што се вработија двајца нови пожарникари, еден од повозрасните замина во понезија, па сега бројот од 16 се искачи едвај на 17 вработени пожарникари. Со оглед на фактот дека ТППЕ Кочани ги опфаќа и општините Чешиново – Облешево и Зрновци, потребни се најмалку 32 пожарникари. Командирот вели далеку се од доволен број пожарникари и тоа во пресрет на летниот период и праксата од појава на повеќе пожари.

„Очекуваме да почнат два нови члена во противпожарната служба, да бидат дел од екипата. Исто така можам да кажам дека од денес еден од постарите колеги заминува во пензија. Сѐ уште ни недостасуваат пожарникари бидејќи не сме во доволен број. Апелот за нови вработувања стои.“ – вели Апостолов.

Ништо посјајна не е ситуацијата и кога е во прашање возниот парк. Возила со ки располага ТППЕ Кочани се од осумдесетите години, дел од нив не поминале ниту на технички преглед. Во претходниот период пожарната единци доби донација возило, но не е доволно за да се реагира соодветно и навремено. На пример кога се интервенираше во пожарот во дискотеката Пулс, еден пожарникар мораше да седи во возилото кое не кочеше наместо да гаси пожар.

„Ситуацијата со возниот парк, можам да кажам дека возилата се во постара состојба, имаме возила кои не се поминале на технички преглед. Имаме четири камиони, три товарни возила за шумски пожари од кои едното е на сервис и едно возило „лада нива“. Тоа ни е возниот парк, претежно во поодминати години, од осумдесетите години имаме четири возила. “ – додава Апостолов.

Инаку, тактичко-показна вежба за гаснење на шумски пожар и пожар на  отворен простор се реализираше од страна на професионалните и доброволни противпожарни друштва од Македонија на тридневната обука што викендов се реализираше на Пониква на Осоговските Планини. Педесетина пожарникари и вработени во институциите реализираа вежба за усовршување на капацитите при интервенции на пожари во планински и непристапни места.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет