
Се зголемува финансиската дисциплина кај граѓаните, само до овој момент наплатен 50% од предвидениот данок на имот. Ако се направи споредба со претходната година, до 30 мај 2024 година беа нплатени 30% од предвидени 54 милиони денари за таа тековна година. Оваа година подисциплинирани се правни лица, односно од нив се наплатени 50% од предвидените данок на имот, а физичките лица се нешто помалку. Ова ја става Општина Штип на листата подобри општини во државата кога е во прашање наплатата на данок на имот.
„Од побаруваните 60 милиони денари по решенијата од 2025 година до денес се наплатени 31 милион денари, или тоа покажува наплата од околу 50%. Ова покажува дека за разлика од претходните години финансиската дисциплина на граѓаните се зголемува. Ако претходно годината сме ја завршувале со 67% наплата на данок на имот, сега до овој момент имаме 50% наплата“ – вели Каров.
Решенијата за наплата на данок на имот се веќе доставени, а крајниот рок за наплата на данокот е до 15 ноември годинава. Каров апелираше граѓаните навремено да ги подмират своите даночни обврски со цел да не се пресметува камата или да се оди кон присилна наплата.
„Апелирам до граѓаните обврската да се заврши до 15 ноември со цел да се избегне пресметка на камати и слично“ – додава Каров.
Минатата година беа предвидени 54000 денари за наплата, а крајниот рок заврши со наплатени 52 ипол милиони денари или 97%. Средствата собрани од наплата на данок на имот се инвестираат во капитални проекти во самата општина.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет