
УНДП и Општина Штип вчеравечер заеднички одбележаа 30 години партнерство и развој, во рамки на пошироката соработка меѓу Програмата за развој на Обединетите нации и локалните самоуправи во Македонија. Настанот се одржа во Штип, каде беа презентирани резултатите од три децении активна поддршка, но и визијата за понатамошен локален и одржлив развој. Меѓу присутните, министерот за локална самоуправа Златко Перински рече дека благодарение на ова партенрство, многу општини денес се по функционални и подготвени да одговорат на потребите на граѓаните.
Aрмен Григоријан, еден од претставниците на УНДП, рече дека со оваа соработка, се покажа дека 70 проценти од работата на УНДП не се само во главниот град, туку и во останатите градови.
Подршката на бизнис растот во овој регион е од суштинско значење рече градоначалникот Јорданов како за услови да се задржат младите, така и во градење на одржливи и проспиритетни заедници.
Инаку, вчерашниот настан во Штип е дел од низата активности со кои УНДП ја одбележува 30-годишнината од своето присуство во Македонија. Партнерството со локалните самоуправи останува фокус на идниот развој, со акцент на одржливост, инклузивност и економски напредок.
Иван Митев, М-Нет