Шампионот ЖРК Ѓорче Петров ја продолжи соработката со неколку ракометарки, а притоа промовираше и неколку нови засилувања

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

ЖРК Ѓорче Петров за новата сезона го крои тимот со продолжување на соработка со неколку ракометарки, а притоа промовираше и неколку нови засилувања.

Анастасија Трпеска, која е младинска репрезентативка е ново засилување во таборот на „лавиците“, а доаѓа од Металург Автокоманда, потоа Катерина Дамјаноска, Ива Велкова, на голманската позиција останува Бразилката Флавиа Лима Габина, а доаѓа Марија Јовановска меѓу стативите.

Продолжена е соработката со Емилијана Ризоска која игра на левата крилна позиција,а како ново засилување од Чаир доаѓа Стефанија Ѓорѓиевска. „Лавиците“ се засилија и со сестрите Борјана и Бојана Коцева, потоа со бугарската репрезентативка Стефани Пламен Петрова.

Минатата сезона екипата на Ѓорче Петров ја освои двојната титула.

Александар Ванев, М-Нет