
ЖРК Ѓорче Петров за новата сезона го крои тимот со продолжување на соработка со неколку ракометарки, а притоа промовираше и неколку нови засилувања.
Анастасија Трпеска, која е младинска репрезентативка е ново засилување во таборот на „лавиците“, а доаѓа од Металург Автокоманда, потоа Катерина Дамјаноска, Ива Велкова, на голманската позиција останува Бразилката Флавиа Лима Габина, а доаѓа Марија Јовановска меѓу стативите.
Продолжена е соработката со Емилијана Ризоска која игра на левата крилна позиција,а како ново засилување од Чаир доаѓа Стефанија Ѓорѓиевска. „Лавиците“ се засилија и со сестрите Борјана и Бојана Коцева, потоа со бугарската репрезентативка Стефани Пламен Петрова.
Минатата сезона екипата на Ѓорче Петров ја освои двојната титула.
Александар Ванев, М-Нет