
Македонската одбојкарска машка репрезентација заминува на Летонија, каде ќе настапи на вториот турнир од ЦЕВ Европската Златна лига 2025.
Во таборот на македонската репрезентација ќе има една промена, селекторот Јошко Миленкоски се одлучи шанса да му даде на организаторот на играта на Штип УГД, Давид Стојанов, а кој доаѓа на местото на техничарот Ефтим Ричлиев.
Техничари се Ѓорѓи Ѓоргиев и Давид Стојанов, на позицијата коректор се Никоал Ѓоргиев, Стојче Арсов и Кристијан Илијев, примачи се Владо Милев, Лука Костиќ, Стојан Илиев, ТошеЕфремов и Александар Љафтов.
Среден блокер е Филип Савовски и Филип Лепидовски, а пак либеро се Костадин Ричлиев и Ване Арапов.
Нашата реперзентација првиот натпревар го веќе утре од 19 часот против домаќинот Летонија, а во сабота од 17 часот одиме на соочување со Грција.
Претходно, Македонија ги загуби двата дуели со Словачка и Финска во Братислава.
Во стручниот штаб на селекторот Јошко Миленкоски се тренерите асистенти Кристијан Ристески и Атанас Милев, скаут е Бојан Пантелеев, а физио е Александар Црвенковски.
Александар Ванев, М-Нет