
Влатко Митровски од село Плешенци, пробиштипско, повеќе од 15 години се занимава со одгледување на свињи. Инвестирал во својата фарма, изградил соодветни услови за свињите, обезбедил вода со цел да произведува и да продава домашно свинско месо. Но денеска ситуацијата е повеќе од тешка, нема храна за свињите, а никој не купува ниту свинско месо. Ако некој побара тоа е под цена која е далку од задоволителна.
„Нема сточна храна, килограм свинско месо, ако најдеш некој да ги купе се по 70 денари килограм.“ – вели Митровски.
Некогаш Митревски чувал повеќе од 300 свињи, денеска има 120 ама вели ситуацијата е алармантна. Бидејќи нема храна, свињите одат на пасење на екстремно високи температури. Митревски работи сам со својата сопруга, а неговиот син согледувајќи ја лошата состојба во државата заминал да работи во странство.
„Свињи имам околу 120, а претходно имаше 200. Одам се надолу и надолу бидејќи немам храна, на два дена едншка ги ранам. Одат на пасење на оваа топлина. Јас и жената работеме сами, детето отиде за Хрватска“ – додава Митровски.
Митровски имал големи планови за неговата свињарска фарма во селото, направил пат по кој може да се движат возила, има вода, но нема откуп, храна, и цена за свињите.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет