Мицкоски: Никогаш нема да го политизирам случајот со Кочани, а како Влада Кочани е наш приоритет

До крајот на овој месец треба да биде познат проектот со кој се предвидуваат големи инвестиции во Кочани. Премиерот Хрситијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање истакна дека нема да го политиизра случајот со трагедијата во Кочани, додавајќи дека како Влада работат да има правда за починатите од пожарот во дискотеката Пулс.

„Јас никогаш нема да го политизирам овој случај и како Влада ќе сториме се што е во нашата моќ тоа да го направиме. И работам таков проект заедно со канцеларијата на ЕУ. Се надевам дека многу скоро до крајот на месецот ќе го објавиме проектот, големината,што ќе опфаќа. Болката кај сите нас, а посебно кај родителите ќе трае цел живот. Но, ние како Влада имаме обврска и одговорност кон сите граѓани да се бориме за правдата“ – вели Мицкоски.

Дополнително Мицкоски додаде дека обвинителството постапува согласно истрагата и тоа што бара обвинителството од министерството за внатрешни работи го испорачува и по ова прашање никој не треба да има дилема.

„ Тоа што ќе каже и секој оној којшто е одговорен согласно Јавното обвинителство – министерството за внатрешни работи ќе постапи така. Така што да ги оставиме да ја водат истрагата. Е сега жалам што одредени некрофили во политичките партии се обидуваат преку овој случај да добијат некои политички поени. Мислам дека тоа им се враќа како бумеранг во глава и дека тоа не им е успешна мисија“ рече премиерот Мицкоски.

Во Кочани е најавено и подобрување на условите во кочанската болница за да им се помогне на пациентите.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет