Баражот за ракометната Суперлига ќе се игра во Прилеп: Струга против Мулти Есенс!

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија

Овој четврток ќе се одигра бараж натпреварот за опстанок во ракометната Суперлига на Македонија, со што ќе бидат познати сите екипи кои ќе бидат дел од ракометната елита на Македонија за следната сезона.

Во баражот опстанок во Суперлигата ќе бара екипата на Струга која заврши како претпоследна во плеј-аутот, а пак враќање во ракометната елита ќе бара екипата на Мулти Есенс, која пак заврши на второто место во прволигашкиот плеј-оф.

Баражот ќе се игра веќе во четврток, во спортската сала „Ристе Ристески Ричко“ во Прилеп, а победникот меѓу овие две екипи ќе биде последниот патник во Суперлигата.

Во Суперлигата следната сезона ќе играат Еурофарм Пелистер, Вардар, Алкалоид, Охрид, Тиквеш, Бутел, Пролет, Куманово, Прилеп, Радовиш, Еурофарм Пелистер 2 кој експресно се врати во елитата, а на овие 11 екипи ќе се приклучи последната екипа која ќе биде победник во баражот меѓу Струга и Мулти Есенс.

Александар Ванев, М-Нет