
Почнува летниот распуст, денеска последен училишен ден. Во основните и средни училишта во Штип завршуваат 5480 ученика. Додека учениците ќе одмораат наредните три месеца, во училиштата се предвидени активности и реконструкции со што би се подобриле условите за настава за наредната учебна година од 1 септември.
„2025 година на ниво на општина завршуваат 5480 ученика, од кои 3690 во основното и 1790 ученика од средното образование. Во летниот период ќе има активности во училиштата. Ќе има реконструкција на спортската сала во ООУ „Тошо Арсов“ Штип“ – вели Санева.
Во меѓувреме се е подготвено за утрешното полагање матура, изборен јазик или математика. Најголем дел од учениците утре ќе полагаат англиски јазик.
„Матура се полага сега вториот дел од матурата и тоа изборен јазик или математика. Вкупно ученици на ниво на општина ќе полагаат 390, од кои 31 ученик математика, еден ученик полага германски јазик, а останатите полагаат англиски јазик.“ – вели Санева.
Летниот распуст започнува денеска и трае до 31 август, односно на 1 семптември учениците се враќаат во училишните клупи. Оваа година за првпат во училишните клупи во Штип ќе седнат и околу 400 првачиња.
Лауура Стојанова Ќирчов, М-Нет