Почна летниот распуст за учениците, од денес ќе уживаат во летната авантура

Oд денеска започна летниот распуст за учениците. По девет месеци училишни обврски, ранецот се заменува со игра, а тетратките – со слободно време и забава.

Некои деца веќе ги спакуваа куферите – заминуваат на летен одмор со семејството, други ќе ги посетат роднини низ земјава или во странство, а има и такви кои ќе уживаат во домашниот двор со пријателите. Но, една традиција сè уште не исчезнува – бабите и дедовците остануваат најсигурната летна дестинација. Со насмевка и раширени раце, велат дека ги очекуваат со нетрпение и дека нивниот двор повторно ќе оживее со џагор, трчање и многу љубов.

Но, она што од друга страна претставува проблем, повозрасните велат дека се финансиите. Не секогаш може да се отиде на базен или пак на подолг одмор.

И додека од денес училниците се празнат, сепак дворовите, плажите и бабините кујни се полнат со детска смеа. Летото е нивно, па останува да го живеат со полно срце.

Иван Митев, М-Нет