Дали 615. 000 денари се доволни за отворање на сопствен бизнис – граѓаните со поделени мислења

Дали 615.000 денари, од јавниот повик на владата се доволни за да се стане претприемач? . 615.000 денари – или околу 10.000 евра, толку за сега државата е подготвена да им даде на младите до 29 години за започнување сопствен бизнис. За повозрасните, поддршката изнесува околу 430.000 денари. Но, дали овие средства навистина се доволни за да се тргне во бизнис водите? Граѓаните со поделени мислења

Но, она што дополнително е неопходно во државата, повозрасните велат дека е мотивот за работа. Позитивната енергија помеѓу луѓето и еланот за работа, одамна изгубени.

Инаку, Министерот за економија Бесар Дурмиши, вчера официјално го најави јавниот повик за младите. За лица над 29 години, предвидена е финансиска поддршка до 430.500 денари за основање на нов бизнис, а за оние со попреченост, оваа поддршка може да се зголеми до 250.000 денари.

Младите до 29 години имаат уште поголема шанса. Тие може да добијат поддршка до 615.000 денари за да ја започнат својата бизнис.

Иван Митев, М-Нет