Дури 8,8 тони небезбедна храна пронашла АХВ во изминатата година, редовни контроли започнуваат и годинава

Дури 8,8 тони небезбедна храна изминатата година пронашла агенцијата за храна и ветеринарство во Македонија. Директорот Оливер Миланов, денес рече дека вакви контроли ќе има и годинава. Со растот на температурите тој вели дека ќе има редовни и воредни контроли со цел да се униште ваквата храна, а граѓани бидат безбедни.

,,Сега со високите темперастури е зголемен и транзитот на туристи. Ние покрај што вршиме редовни контроли, кои што ги вршиме на терен, вршиме и вонреден инспекциски контроли. Нормално дека акцентот ќе биде и оваа година ставен на туристичките места. Изминатава година откривни 8 кома 8 тони на небезбедна храна, која што беше униште, така да и оваа година ќе настапиме со вонредни инспекциски контроли.“,рече

Миланов вели дека досега се откриени многу бројни шверцови за увоз или извоз на живи животни, но како што рече благодарение на соработката со МВР, истите се откриени.

Инаку, диркеторот на агенцијата Миланов и понатаму апелира до граѓаните, доколку забележат неправилности во однос на храната, да пријават на телефонскиот број на агенцијата за храна и ветеринарстов или да пријават он лајн на нивната веб страна

Иван Митев, М-Нет