Силекс гради тим за европското лето – нови засилувања и продолжена соработка, Тиквеш продолжи соработка со неколку играчи за новата сезона

Македонските прволигашите за новата сезона ја продолжуваат соработката, но притоа и промовираат нови засилувања.

Како што веќе информиравме кратовскиот прволигаш Силекс го претстави Мигуел Пиреш и Миљан Говедарица, ја продолжи соработката со браќата Љупче и Ѓорѓе Џеков, а за европското лето Силекс претстави ново засилувања.

Се работи за Мартин Мирчевски, кој во Кратово доаѓа од Железничар од Сараево, со што 28-годишниот напаѓач одново ќе настапува во Првата македонска фудбалска лига, а Силекс ја продолжи соработката со Милош Николиќ, кој останува во Кратово уште најмалку една година.

Николиќ во Кратово пристигна 2022 година, а во „црвено-синиот“ дрес запиша 80 натпревари во Првата лига со постигнати три гола и една асистенција.

Тиквеш објави дека е продлжена соработката со Мартин Стојанов, штипјанецот и во новата сезона ќе го носи дресот на прволигашот од Кавадарци, а претходно Тиквеш ја продолжи соработката со Даниел Миловановиќ, Кристијан Стојкоски и Александар Мишов.

Александар Ванев, М-Нет