Кочани во следната сезона ќе гледа прволигашки фудбал во женска конкуренција

ФОТО: Александар Ванев, забрането е превземање на фотографијата без добиена согласност!

Во новата сезона 2025/2026 на Градскиот стадион „Никола Мантов“ ќе се гледа прволигашки фудбал во женска конкуренција, откако женскиот фудбалски клуб Кочани обезбеди влез во Првата женска фудбалска лига.

Тимот предводен од Оливер Јовановски имаше повеќе од успешна сезона, стана шампион во Втората женска фудбалска лига со учинок од 13 победи и само едно реми, а притоа имаше 96 погодоци убедливо најмногу и примени осум голови со што ја имаше тимот на Кочани најдобрата одбрана во лигата.

Кочани се враќа по неколку сезони во женската фудбалска лига, а градот ќе може да следи натпреварите од елитата, односно од најквалитетни екипи.

Во новата сезона во Првата женска фудбалска лига ќе играат шампионот Љуботен, Тиверија Брера, Каменица Саса, Скопје, Истатов, Топ Гол, Ас Јунајтед, Атлетико, Речица која преку бараж избори опстанок и Кочани кој е повратник во Првата лига.

По две екипи доаѓаат од Битола и Скопје, а по една од Тетово, Струмица, Македонска Каменица, Струга, кумановска Речица и Кочани.

Како што е познато шампионот обезбедува квалификации за Лигата на шампионите, додека пак последната екипа директно испаѓања во Втора лига, а пак претпоследната екипа игра бараж за опстанок со второпласираниот второлигаш.

Александар Ванев, М-Нет