Дебитантот во македонската репрезентација Стефан Деспотовски за мечот со Белгија: Мора да бидеме перфектни

ФОТО: Принскрин видео на ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација продолжува со подготовките за двата квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство 2026, во петок против Беглија дома и во понеделик против Казахстан во Астана.

Стефан Деспотовски е дебитант во македонската репрезентација, тој вели дека е одлично прифатен во репрезентацијата и дека е убаво чувството кога е со репрезентацијата, а додава дека против Беглија нашата репрезентација мора да биде перфектна со цел да има позитивен резултат.

ИЗЈАВА Стефан Деспотовски, репрезентативец на Македонија ЦЕЛА ИЗЈАВА

Македонија досега триумфираше со Лихтенштајн во гости, а дома со Велс ремизираше, а сега следува соочувањето со Беглија, а потоа и со Казахстан.

Александар Ванев, М-Нет