
Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од последното 26. коло на Втората футсал лига на Македонија, а кое коло ќе го реши само шампионот бидејќи екипите на Мал Ајакс и Балкан се нови прволигаши.
Токму меѓу Мал Ајакс и Балкан ќе биде битката кој да го подигне шампионскиот пехар. Утре во Штип со почеток во 19:30 часот во спортската сала при СОУ „Коле Нехтенин“ екипата на Мал Ајакс ќе се соочи со Партизан Југ од Брвеница, штипјани сависат сами од себе со победа ќе ја подигнат шампионската титула и како шампиони ќе се вратат во Првата футсал лига на Македонија.
Еден час претходно Балкан ќе игра со екипата на Конзули на гостински терен, каде тимот на Балкан ќе биде фаворит на овој меч, но сепак во Штип ќе се реши титулата, а тоа зависи само од Мал Ајакс.
В недела ќе бидат одиграни три натпревари. Победа на домашен терен ќе игра против екипата на Кратово, ССК Скопје ќе игра со Карадаку, а пак Каршиака со СЕЕ Университи.
Со овие натпревари ќе заврши натпреварувачката сезона 2024/2025 во Втората футсал лига на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет