Пензионерите на нов мирен протест со стари барања – усогласувањето на пензиите да биде линеарно

Пензионерите и денеска се собраа во Свети Николе на мирен протест преку кој повторно ги побраа своите права, во септември усогласувањето на пензиите да биде линеарно, а не процентуално. Велат дека само на таков начин можат да имаат достоинствен живот, и да се намалат разликите меѓу највисоката и најниската пензија во државата.

„Да продолжиме да си го бараме тоа истото покачување однонсо усогласување на пензиите линеарно, не процентуално“ – вели Станојков.

Додаваат дека и бројот на пензионери кои на улица ќе ги бараат своите права треба да биде поголем. Ако заеднички се делува може да се постигне посакуваниот резултат.

„Познат писател индиски рекол „Богатите луѓе умираат пеејќи, а малите луѓе умираат со пари“. Сакам сите луѓе да ја сватат оваа сериозна работа бидејќи последиците ќе останат и на наредните генерации“ – вели Митев.

И во оваа прилика побараа оставка од претседателката на здружението на пензионери на Македонија, Станка Трајковска. Ова е со цел да се подобрат условите за идните пензионери.

„Госпоѓа Станка се стави со новиот Закон кој го донесоа сега за да уште владее. Каде сме ние технолошки вишко, социјалците, стечајните пензионери“ – праша Јовановска.

Пензионерите од Свети Николе, Штип, Куманово, и останатите иницијативни одобори истакнаа дека нема да излезат на гласање ако не добијат линеарно усогласување на пензиите во месец септември.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет