
1000 евра – минимум за преживување. Толку му треба на едно четиричлено семејство во Македонија само за основни трошоци: храна, сметки и огрев, без луксуз, одмор и патувања. Ова го покажува анкета спроведена во Штип. Граѓаните велат економската ситуација е тешка, а најпогодени се семејствата со мали деца. И како што велат повозрасните, цените секојдневно растат, па маркетите се претворени во луксузни дестинации.
Пензионерите традиционално најпогодената група, додаваат дека тие ќе се снајдат некако. Но стравуваат за иднината на своите деца и внуци.
Инаку, четиричлено семејство најмногу финансии троши за храна, а ако се стави во предвид и секојдневна ужинка за децата во училиште, сумата расте за повеќе. Потоа финасии се трошат за детергенти, како и за огрев.
Иван Митев, М-Нет