Со најави за нови инвестиции во Штип, се врати градоналаникот Јорданов од Италија

Со најави за нови инвестиции и збратимувања, градоначалникот на Штип Иван Јорданов се врати од Италија. Како што рече тој за медиумите, покрај што во Штип ќе има нова компанија за базени, во наредните месеци тој истакна дека се очекуваат и нови инвестиции, кои што во следните месеци, јавноста ќе ги осознае.

,,Посетата е наменска , пред се комуникација со бизнис сектор во Италија со градоначалници и претставници на институции во Италија. Во следните неколку месеци ќе има збратимување со една општина во Италија, а паралелно на тоа и посета на многу делегации, на многу претставници од бизнис секторот, кои што верувам дека ќе го реалоцираат својот капитал во нашиот град. Една таква инвестиција веќе најавивме, но се очекува и дополнителни инвестиции, кои што во месеците кои што следуваат, јавноста ќе ги осознае. Веќе ќе навлеземе и во еден процес на проследување на оваа информација и до надлежните институции.“,рече Јораднов

Од посетата Јорданов очекува позитивни резулати. Тој останува дециден дека Штип ќе биде вистински центар на истокот

Така да очекувам позитивен резултат од посетата и од комуникацијата што ја имавме со претставници на бизнис секторот и со градоначалниците на неколку општини во Италија.“, додава Јорданов

Инаку, Јорданов рече дека во наредните месеци во Штип ќе биде отворена самата компанија за производство на компоненти за монтажни базени, која ќе овозможи 30 до 50 нови работни места.

Иван Митев, М-Нет