
90 минути ја делат Шкендија Арачиново од враќање во Втората лига, Осогово игра бараж натпревар како финале за опстанок во Втората лига. Шампионот на Трета лига – Север на мегдан против второлигашот од Кочани.
Дерби натпревар, бараж натпревар една цел – Втора лига и следната сезона. „Најжешкиот“ бараж натпревар кој се игра утре, сабота ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија преку директен телевизиски пренос.
Градскиот стадион во Кавадарци ќе биде окупиран со навивачи на Шкендија и на Осогово, поддршката од трибините и за двете екипи ќе биде голема, а правдата на овој бараж меч ќе ја дели искусниот Фатмир Бафто од Охрид.
Преносот од Кавадарци од баражот натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Осогово на М Нет телевизија ќе започне во 17 часот.
Александар Ванев, М-Нет