
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го усвои предлогот за промена на системот на натпревари од натпреварувачката сезона 2026/2027 со што се прават промени во однос на намалување на бројот на клубови во Првата и Втората македонска фудбалска лига.
Тоа ќе значи дека Првата македонска фудбалска лига од сезона 2026/2027 наместо 12 клубови како што има сега, од сезона 2026/2027 ќе брои десет клубови, додека пак Втората македонска фудбалска лига наместо 16 клубови како што има сега, со намалувањето ќе брои 14 клубови.
Намалувањето на лигите ќе донесе зголемување на квалитетот и конкуренцијата, а дополнително ќе биде познато колку екипи директно ќе испаднат следната сезона и дали ќе има бараж за опстанок, како и бараж за Прва лига, како и колку екипи ќе имаат промоција во повисок ранг на натпреварување за сезона 2026/2027.
Александар Ванев, М-Нет