Симулациска вежба за пожар денес се спроведе во ООУ ,,Гоце Делчев“ Св. Николе, учениците целосно подготвени

Симулациска вежба за пожар, со цел проверка на знаењата на учениците, денес се проведе во ООУ Гоце Дечев во Св. Николе. За да учениците имаат пореалистичена слика за пожар во училиштето беше пуштена и безбедедна чад, а пожарникарите со тимот имаа пребарување на зарабоени ученици, како и гаснење со пп апарати. Вежбата се изведуваше заедно со Центарот за управување со кризи Св. Николе, ТППЕ Св. Николе. Овр Св Николе, како и црвен крст, заедно со итната медицинска помош од градот.

Денес успешно се одржа показна вежба со симулација на пожар во ООУ Гоце Делчев Св. Николе. Со тоа успешно се реализираа целите на вежбата. Прво се спроведе брза и безбедна евакуација на учениците, второ се потврди дека училиштето е организирано и има капацитет да ги даде првично одговорот во гаснење на пожарот. Трета важна поставена цел ни беше преку повикот на директорката на училиштето на бројот за итни повици 112.

Дека безбедноста на учениците е прироритет на училиштето, согласна е и директорката Сузана Дерменџиева. Таа додава дека преку ваквите активности, сите заедно учат како да реагираат и смирено да се справат во несакани случаи.

,,Вежбата што се одвива денес е резултат на иницијатива и координација од страна на нашето училиште во партнерство со ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасувања, здравствениот дом, министерството за внатрешни и сл. Оваа симулациска вежба има еален карактер и поширок обем од вообичаеното, со цел да ја зајакне нашата подготвеност, комуникација и навремен одговор при евентуални ризични ситуации. Безбедноста на учениците е наш највисок прироритет. Преку ваквите активност иучиме како да реагираме и смирено да реагираме.“, рече Дерменџиева

Инаку настанот е со цел да се утврдат знаењата на учениците и наставниците, при можна појава на пожар. Согласно спроведената вежба, сите служби истакнаа дека училиштето има капацитет за справување во несакани случаи.

Иван Митев, М-Нет