
Со положување свежо цвеќе пред бистата на народниот херој Ванчо Прќе, денес се одбележаа 82 години од загинувањето на хероите во народно ослободителната борба во плачковлкиот одред ,,Гоце Делчев“ во далечната 1943 година. Ученици на ООУ Ванчо Прќе, претставници на локалната самоуправа, политички партии, делегации му оддадоа почит.
Инаку, Во подножјето на планината групата, Ванчо Прќе застанал да се одмори во една колиба. Тука на 21 мај ги стигнала потерата на бугарската полиција и ја опколила колибата. Во групата само тој имал пушка, додека другите биле невооружени. Им наредил на останатите да се пробијат до планината, додека тој го заштитувал нивното повлекување. Пукал во бугарските фашисти додека имал стреливо, а потоа со последниот куршум во пушката тргнал на непријателот и во тој момент паднал погоден од митралески рафал.
Иван Митев, М-Нет