
Од денеска Центарот за јавно здравје Штип има своја официјална страна достапна за граѓаните. Преку новата веб странциа граѓаните електронски ќе може да поднесат барања за услуги кои ги врши Центарот за јавно здравје Штип. Целта е поголема транспарентност и достапност за граѓаните, но и за медиумите кои ќе може да бараат информации од јавен карактер. Дополнително во сеозна на грип, граѓаните ќе може да се информираат за дозите вакцини, кои се достапни, колку и слично.
„Заради поголема транспарентност и достапност до граѓаните се решивме да се пушти во употреба нова веб страна на Центарот за јавно здравје. Со оваа страна граѓаните ќе може да се информираат за сите активности, но може да поднесат и барање за сите услуги кои ги врши Центарот за јавно здравје.„ – Горгиев.
Со новата веб страница на Центарот за јавно здравје Штип ќе се намали чекањето за да се поднесе барање или да се добие информација.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет