Со дефиле по улиците во Штип, штипските пожарникари го одбележаа 20 мај

Со дефиле по улиците во Штип, штипските пожарникари го одбележаа 20 мај, Денот на пожарникарите. Активностите продолжија по основните училишта каде се поделија флаери на учениците и родителите, со цел да се запознаат со работата на пожарникарските служби.

„Најпрво сакам да им го честитам овој ден на сите пожарникари. Ова е наш ден. Ние денеска го одбележавме денот со возење низ градот како еден ритуал. И ги посетивме основните училишта.“ – вели Ренџов.

Помалку интервенции, помалку пожари е надежта на секој пожарникар, но како што вели Ренџов сите вработени се на готовс 24 часа во денот да реагираат доколку за тоа има потреба.

„Во однос на работата, се надеваме дека оваа година ќе имаме помалку интервенции, помалку работа. Во делот на кадарот и во делот на опремата секојпат ќе недостасува и кадар и опрема.

ТППЕ Штип располага со шест возила за гасење пожар во урбана средени и три возила за шумски пожари. Во моментот најнеопходно е набавка на едно возило со скали согласно конфигурацијата на град Штип, и уште едно возило за урбана средина.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет