
Одложен старт, но со продолжено уживање – „Shtip Street Food Festival“ започнува утре од пладне. Иако првично беше најавено дека денес, со почеток во 16 часот, ќе започне долгоочекуваниот „Shtip Street Food Festival“, лошите временски услови го одложија неговото официјално отворање. Но, организаторите веќе се подготвени за утрешниот старт, кој ќе започне порано од предвиденото. Добрата вест е дека вратите на фестивалот се отвораат уште од 12 часот на пладне, па сѐ до полноќ со полна пареа и дупло повеќе забав – и утре, и во недела!
,,Иако ни беше најавено дека можеби ќе започнеме денес со старт во 16 часот, сепак временските услови не ни го дозволија тоа. Она што ќе го најавам како новитет е дека од утре веќе започнуваме порано од предвиденото, односно од 12 часот на пладне, па се до полноќ. Исто така и во недела. Планирано беше да се работи со скратено работно време, меѓутоа ќе работиме исто така од 12 часот напладе, па се до полноќ. Она што исто можам да го најавам е штипјани ќе доживеат нешто уникатно, нешто нескојдневно, затоа во оваа прилика користам прилика да ги поканам сите, дури и луѓето од околните градови и искрено се надевам дека сите заедно ќе уживаме.“, рече Симоновски
Организаторот Симонови, потенцираше дека плановите и понатаму се исти, добра храна, добра музика и незаборавна атмосфера. Топло ги покани сите граѓани на Штип и околните градови.
Oна што најавија исто така од организацијата на овој фестивал е дека цените за храната ќе бидат пристапни за посетителите, па останува само граѓаните од утре напладне да повелат на убава забава и дружба.
Иван Митев, М-Нет