Институтот за судска медицина при УКИМ, беше вкучен во истрага за трагичниот настан во Кочани

Институтот за судска медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје беше директно вклучен во истрагата за трагичниот настан во Кочани, со спроведување на обдукции на починатите лица. Професорката Наташа Давчева од Штип нагласи дека судско-медицинската обдукција е клучна компонента во секоја истрага каде што станува збор за насилна смрт.

,,Институтот за судска медицина при Универзитетот Св Кирил и Методиј беше вклучен како дел од истрагата впрочем за правењето обдукции на починатите лица од Кочани. Јас би рекла дека судско медицинската обдукција претставува една од најјаките, ако не и најјаката алка во процесот на истрагта. Доколку не се направи судско медицинска обдукција кај смрт која не е природна, а е насилна во тој случај многу прашања би останале не одговорени.“, рече проф. Давчева

Судската медицина истовремено е еден од најинтересните предмети на студентите, рече Давчева, додавајќи дека студентие преку овој предмет учат за своите права, како и за своите должности.

,,Судската медицина традиционалано еден од најинтересните предмети на студентите. Судската медицина е преплетена со медицинската етика и судско медицинската деонтологија. Преку овој предмет студентите учат и за своите права, но и за своите должности, како доктори. Токму од таа област одбравме и денеска да зборуваме на една тема за медицинскиот мал практис, впрочем за постоењето на лекарската грешка.“, рече Давчева

Инаку, судската медицинска обдукција претставува една најјаките алки во процесот на истрагата. И како што рече Давчева, доколку не се направи судска медицинска обдукција кај смрт која не е природна, во тој случај многу прашања би останале не одговорени

Иван Митев, М-Нет