
Болката што ја потресе Кочани – викендов ќе ја сподели и Скопје. Во сабота, група граѓани организирано ќе тргнат кон источниот град за да им дадат поддршка на сотрените од тага родители, чии деца ги загубија животите во трагедијата во дискотеката „Пулс“.Со автомобили и автобуси, без барања, без пароли – само со срце, сочувство и човечка блискост, скопјани ќе бидат поддршка на кочанчани.
Организацијата се шири преку социјалните мрежи, а Целта е една: да се застане покрај родителите чии животи засекогаш се променети по трагедијата во дискотеката „Пулс“.
,,Одиме за Кочани да го поддржиме „Маршот на Ангелите“. Граѓаните на Кочани протестираат макотрпно секоја недела и потребна им е нашата поддршка! Сега е моментот да покажеме дека сме еден народ, едно срце, една болка и една сила. Кочани, не сте сами“, велат од организациите
Се планира мирно собирање, без политика, туку – само гласна тишина и силна поддршка. Во време кога зборовите се премалку – делата зборуваат. А Кочани нема да биде сам.
Иван Митев, М-Нет