
Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од седмото коло на плеј-офот и плеј-аутот од ракометната Суперлига.
Седмата рунда од плеј-оф сегментот ќе биде отворено веќе утре со мечот меѓу Вардар и Бутел, а каде ракометарите на Вардар ќе биде големи фаворити за нов триумф и продолжува на патот кон титулата.
Во сабота во Битола актуелниот шампион Еурофарм Пелистер ќе се соочи со Охрид, во меч каде битолчани немаат право на грешка, а охриѓани ќе сакаат да направат изненадување, но ќе им биде тешко, пред се затоа што нема да може да сметаат на левиот бек Теимураз Орјоникидзе, кој се повреди на мечот меѓу Грузија и Грција, каде неговата репрезентација триумфираше со што Грузија обезбеди пласман на ЕП.
Мечот меѓу Тиквеш и Алкалоид ќе се игра во нов дерби, истиот е одложен бидејќи Алкалоид ќе игра финалето против АЕК Атина на Европскиот Куп на ЕХФ.
Во рамки на седмото коло на плеј-аутот ќе бидат одиграни два натпревари, а екипата на Радовиш ќе биде слободна откако требаше да игра со Борец ФЛ од Велес, кој е исфрлен од лигата.
Двата меча ќе се одиграат во сабота. Куманово на домашен теерн ќе се соочи со екипата на Струга, каде со триумф Куманово ќе игра и за прво место, откако веќе опстанокот е обезбеден, а пак Струга ќе сака триумф со цел да има директен опстанок, односно да го избегне баражот.
Пролет и Прилеп ќе играат дерби на колото во плеј-аутот за кој да биде прв во плеј-аутот на Суперлигата.
Александар Ванев, М-Нет