
Шокантни слики од новородени кутриња оставени во ќеси, кутии и контејнери низ улиците низ Штип во последниот период ја потресуваат јавноста. Овие беспомошни животни, често уште со затворе очи се фрлаат веднаш по раѓање, без мајка, без храна, без шанси за живот. За ваквите случаи револтирано реагираат штипјани пред камерите на нашата телевизија, истакнувајки дека ова не е само кршење на хуманоста, туку е и голем злостор.
Сцените кои ги гледаат штипјани од напуштени новородени кутриња не ги остава рамнодушни, велат дека се неопходни ригорозни мерки. Бараат секој сторител да биде лоциран и кривично да одговара.
Од Државниот инспекторат за животна средина велат дека се запознаени со зголемениот број случаи на напуштени новородени кучиња и најавуваат засилени контроли, особено во урбаните и приградските подрачја каде проблемот е најизразен. Aпелираат до граѓаните да пријавуваат веднаш штом забележат вакви злочини.
Иван Митев, М-Нет