
Денес официјално започнаа Малите олимписки игри „Кочани – Делчево 2025“ со учество на околу 500 ученици. Свеченото отворање на овој спортски настан се одржа во ООУ „Никола Карев“ во Кочани.
Овој настан е планиран уште на почетокот на училишната година, кога беа одбрани Кочани и Делчево за домаќини. Малите олимписки игри всушност се завршани државни натпервари во пет екипни спортови за основни училишта. Се работи за футсал, кошарка, одбојка, ракомет и фудбал во машка и женска конкуренција, а во склоп на Малите олимпипски игри во Куманово ќе се одржат натпревари во атлетика, како индивидуален спорт.
Овие спортски настани се многу важни за младите за нивниот правилен раст и развој. Федерацијата на училишен спорт во непарните години ги организира малите олимписки игри, тоа се завршни натпревари за учениците од основните училишта, а во парните години се организираа гимазијади, односно завршни натпревари за ученици од средните училишта.
Александар Ванев, М-Нет