
Ќе се осветува новиот храм, посветен на Св. Апостол Павле во светиниколско Ерџелија. На 24 мај, ден сабота, со почеток од 7 часот, со срце полно вера и љубов се повикуваат сите верници на утринска празнична богослужба во која истовремено ќе се осветува новиот храм на св. Павле. Истиоимениот храм ќе биде осветен од страна на свештенослужителите на брегалничката епархија, заедно со митрополитот брегалнички г. Иларион. По завршувањето на светата литургија, од црковниот одбор на црквата за М-Нет телевизија информираат дека ќе има трпеза со ручек. Во селото досега имаше само мала стара црква посветена на Св. Троца, а од сега со новиот и голем храм, се очекува да има многу крштевки, венчавки и убави мигови, во кој верниците слободно ќе можат да ги извршуваат своите верски потреби. Инаку на 24 мај воедно се празнува и празникот Св. Кирил и Методиј, па заедно со оваа освета, жителите од селото ќе слават два празника во ист ден.
Апостол Павле, познат и како Свети Павле или Павле од Тарс беше прв проповедник на Христијанството во Македонија и потоа во цела Европа.
Иван Митев, М-Нет