
Кадетките на одбојкарскиот клуб Младост УГД испишаа историја со освојувањето на сребрен медал на државното одбојкарско првенство што се одржа во Скопје. Во финалето загубија од екипата на Газели.
Во конкуренција од 36 екипи на државното одбојкарско првенство, покажаа срце, борбеност и тимски дух се изборија за своето прво финале и се закитија со вицешампионската титула!
Иако после неколку години пауза, а по ребрендирањето на клубот ова им е само втора година на натпреварување во оваа категорија, и беа едни од најмладите екипи по возраст, девојките покажаа неверојатен талент, пожртвуваност и тимска хемија.