Дербито меѓу Арсими и Македонија ЃП во ЖИВО на М Нет телевизија, сабота од 17 часот

Во сабота на програмата ќе бидат натпреварите од вонредното 29. коло на Втората македонска фудбалска лига, а дербито на колото ќе се игра во Гостивар меѓу Арсими и Македонија ЃП.

Дерби кое ќе одлучува кој ќе биде шампион во Втората македонска фудбалска лига, а кое дерби ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија, сабота со почеток од 17 часот.

Двете екипи играа во одлична форма, според последните пет натпревари Арсими има освоено 13 од можни 15 бодови или четири победи и едно реми и се наоѓа на второто место со 61 освоен бод. Екипата на Македонија ЃП е прва со 63 бодови, а на последните пет натпревари има три победи и две ремија односно освоени 11 од 15 бодови.

Натпреварот е од капитална важност и за двете екипи, првото соочување на овие две екипи заврши со минимална победа за „лавовите“ во Ѓорче од 1:0, во меч кој се одигра на 30 ноември минатата година. Двете екипи сакаат влез во Прва лига, Македонија ЃП предводена од Бобан Грнчаров сака експресно да се врати во елитата, а пак Арсими сака историско учество во фудбалската елита на Македонија.

Двете екипи ги имаа најдобрите напади во лигата, Македонија ЃП постигна 47 голови, а пак Арсими 51 гол, а ги имаат и најдобрите стрелци. Симеон Христов од Македонија ЃП има 18 голови, а толку има и Аљбин Рамадани од Арсими, но Христов поради повреди веќе пропушти неколку натпревари.

Одбрана на Македонија ЃП е најдобра во лигата со примени само осум голови, а пак Арсими примил 24 гола, но во вториот дел тимот од Чегране кој го предводи Вилдан Салиу е во одлична форма.

Сабота од 17 часот на М Нет телевизија, проследете го дербито на 29. коло на Втората фудбалска лига, дерби кое ќе решава кој ќе бида шампион.

Александар Ванев, М-Нет