
КАФЕТО ЛУКСУЗ Штипјани револтирани – цените вртоглаво растат!
Во време кога секој денар се брои, штипјани со загриженост гледаат како дури и кафето – некогаш симбол на малото секојдневно задоволство – станува сè потешко достапно. Цените вртоглаво растат, а граѓаните велат: „Не знаеме што прво да купиме!“
Според анкетата на М-Нет телевизија кафето, заедно со многу други основни производи, бележи драстично покачување.
За многумина, денот не може да започне без шолја топло кафе. Анкетите и разговорите со граѓаните од Штип покажуваат дека кафето не е само луксуз или уживање – туку и потреба.
Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека трошоците за живот во март годинава во однос на истиот месец лани бележат зголемување од 2,7 отсто, а цените на мало од 2,2 отсто.
Иван Митев, М-Нет