
Чудото доаѓа во Штип, во недела пристигнува чудотворната икона на Св. Нектариј Егински. Чудотворец ,светителот кој преку својата милост излекувал илјадници луѓе во светот. Утеха за болните. Светлина за изгубените, зборува со тишина – и лечи со вера. Св. Нектариј е еден од најпочитуваните светци на православието, познат како исцелител на рак и тешки болести, но и како тивок заштитник на душевниот мир. Настанот ќе се оддржи во недела 11 мај со почеток од осум часот во новоизградената црква посветена на Св. Иларион Мегленски на влезот во Штип, кај населбата Железничка. На истиот ден свештенослужителите заедно со високопреосвештенството Митрополитот Брегалчнички г. Иларион ќе го осветат овој храм, а иконата се очекува да пристигне пред почетокот на литургијата. По тој повод, в недела се очекува голема посетеност – верници од целата држава и регионот најавуваат пристигнување, каде што ќе добијат можност да се поклонат пред иконата која со себе носи вера, надеж и исцеление. Оваа недела, Штип не е само град – туку тој е свето место.
Иван Митев, М-Нет