Павер елементи се поставуваат на крак од улицата „Димо Хаџи Димов“ во Штип

Започнаа градежните активности на улицата „Димo Хаџи Димов“ во Штип. Согласно програмата за работа предвидено е крак од оваа улица да биде поплочен со бекатон плочки со што ќе се уреди и модерен изглед ќе добие овој дел од градот. Ова е по барање на жителите, и како што напиша градоначалникот Иван Јорданов на својот фејсбук профил се решава долгогодишно барање и се создаваат подобри услови за движење и живот.

Улицата претходно беше со коцка, но уништена и нефункционална. Активностите на терен треба да завршат во текот на наредната недела. Бекатон плочки ќе се постават на квадтарура од 496 метри квадратни, а вредноста на оваа инвестиција е нешто повеќе од 830 илјади денари.

Истовремено завршено е асфалтирањето на улицата 4 македонска бригада во Штип, а се работи на повеќе локации во градот, со цел подобри и помодерни услови за граѓаните. Станува збор за улица Со вкупна површина од 670 метри квадратни и вредност од 373 илјади днри,

Активности на терен имаат и екипите на ЈП Исар. Од вчера започна и ноќно миење на улиците во централното градско подрачје.

Екипите на РЕ Јавна чистота покрај редовното дневно миење од денес започнaa и со ноќно миење на улици.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет